Министерството за труд и социјална политика вчера ги запозна младите невработени лица од Велес со најновите мерки на Агенцијата за вработување. Невработените беа запознати за тоа како да добијат возачка дозвола за камион со приколка, да отворат сопствен бизнис и да се стекнат со пракса и обука кај познат работодавач. На овие инфо средби освен што ги информираме младите, ги запознаваме и со новата мобилна апликација прв" која им ги дава сите огласи за вработување, како и за обуки и ги информираме за новата интернет-страница - рече Горан Велески од Министерството за труд и социјална политика.
Министерството за труд и социјална политика вчера ги запозна младите невработени лица од Велес со најновите мерки на Агенцијата за вработување. Невработените беа запознати за тоа како да добијат возачка дозвола за камион со приколка, да отворат сопствен бизнис и да се стекнат со пракса и обука кај познат работодавач.
- На овие инфо средби освен што ги информираме младите, ги запознаваме и со новата мобилна апликација прв" која им ги дава сите огласи за вработување, како и за обуки и ги информираме за новата интернет-страница - рече Горан Велески од Министерството за труд и социјална политика
Од Агенцијата за вработување ја промовираа и последната мерка која ги опфаќа дипломираните студенти од последната академска година. Во оваа програма се вклучени и поголеми македонски компании. Предвидено е завршените студенти во тие фирми да поминат тримесечна обука и во зависност од потребата да бидат и вработени.
- Тоа се млади лица до 29 години кои дипломирале во последната академска година да се приближат до своето прво вработување - рече Валентина Костенова, в.д. раководител на центар за вработување Велес.
Најголем интерес од мерките за вработување на Агенцијата, младите од Велес пројавија за програмата отворање сопствен бизнис. Од над 60% од досега отворените фирми со кредитирање, се уште функционираат и што е поважно добро стопанисуваат. Инаку, според податоците на агенцијата за вработување, во Велес има над 800 невработени на возраст од 20 до 29 години кои активно бараат работа.